Апел од Општина Дебрца за заштита од пожари.
„Деновиве сме сведоци на значително зголемени температури, зголемена фреквенција на посетители и зголемена опасност од пожари, а во некои делови од државата и од ширење на веќе активни пожари. На територија на општина Дебрца сме биле сведоци на повеќе пожари од ваков тип. Заради тоа, а со цел заштита на личната безбедност на посетителите и граѓаните, како и заради заштита од горенаведените опасности, општина Дебрца ја информира јавноста за одлуката на Владата за целосна забрана за движење низ шумските подрачја.
Одлуката од страна на Владата стапува на сила од денес, 3 август, а ќе трае до одповикување на истата. Да покажеме поголема одговорност во заштитата на природата и безбедноста по човековото здравје,стои во соопштениетона Општина Дебрца.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град