Да се пушит или не?

Охриѓани дисциплинирани и доследни во почитување на Законот за забрана од пушењето на јавни места, но само преку ден.

 |  Крсте Голабовски  | 
zabraneto pusheneje
забрането пушење

zabraneto pushenejeВеруваат ли Охриѓани уште во Законот за забрана од пушење на јавни места? Ќе се успее ли во спроведувањето на овој закон со кој требаше да се обезбедат средства и за целосно реализирање на националните програми за здравствена заштита на населението како и за лекување на населението од болестите кај кои пушењето е директна причина за смрт? Мислењата на охриѓани, поделени.Институциите надлежни за спроведување на овој закон големи оптимисти. Раководителот на Одделението за инспекциски надзор од Охрид, Ѓорги Бошалески вели дека во Охрид, Законот максимално се почитува. Тој тврди дека од нивна страна, контроли се вршат секојдневно и во сите угостителски објекти, а контролите се посебно нагласени во ноќните клубови.

„Од наша страна до денешен ден не е регистриран ниту еден субјект каде е прекршен законот. Такви контроли беа проведени со размена на инспектори од други градови, кои утврдија дека законот се спроведува.“ дециден е Бошалески.

Но во Охрид, ситуацијата во ноќните часови, поразителна. ТВМ дознава дека повеќето од ноќните клубови деновиве се приморани да ги вратат пепелниците на своите шанкови, поради нелојалната конкуренција. Сопствениците на овие угостителски обејкти само за да си ги задржат гостите пушачи, приморани се на овој ризичен чекор, кој пак претставува грубо кршење на Законот. Кај нас овој закон стапи на сила од 1.01.2010 год, но колку ќе потрае, ќе покаже времето. Иако навистина беше убаво кога на раат можевме да пиеме  кафе без да се вратиме дома мирисајќи на цигари, ни криви, ни должни, изгледа дека повторно се враќаат старите навики, во некои од нашите омилени места за излегување. Стружани пак уште порелаксирани од Охриѓани во почитувањето на овој закон. Раководителот на Одделението за инспекциски надзор од Струга Надица Николовска, информираа дека во Струга и Дебар, само во последново тромесечие веќе се изречени неколку казни.

„Одделението за инспекциски надзор од Струга по Законот за забрана на пушењето на јавни места има извршено 30 инспекциски надзори при што е констатирана неправилност и се пдонесени 3 барања за прекршок до Основен суд Струга, како и 3, до Основниот суд Дебар“, вели Николсока.

zabraneto pushenejeЗаконот кој на хартија доста ветуваше, во пракса се соочува со првите потешкотии при неговото спроведување. Сепак Македонија е втора земја во Европа по бројот на пушачи. Така, само на годишно ниво, македонците  консумираат околу 11 илјади тони цигари, што значи дека во просек, еден македонец пуши по пет и пол килограми цигари годишно. Според овој закон се забранува пушење во одредени јавни простории, рекламирање на цигари, а се уредува и заштитата од штетните дејства на пушењето тутун и други производи од тутун врз граѓаните, како и зачувувањето на здрава животна средина. Согласно Законот, јавни простории се објекти за воспитно образовна дејност, здравствени објекти и социјални установи, отворени и затворени простории во кои се одржуваат спортски натпревари и културни манифестации, собири и приредби, јавен превоз на патници, објекти во кои се произведува, служи, продава или конзумира храна, како и други простории како сали, канцеларии, чекални и ходници.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top