Хотелските објекти со месеци зјаат празни, велат само со ваучери може да се очекуваат туристи. До на пролет идната година нема надеж за туризмот, поради огромниот број на заболени со корона вирусот нема најави за Новогодишни празнувања.
Хотелиерите на брегот на Охридското езеро , кои се` уште се отворени сметаат дека треба да продолжи издавањето на ваучери за туризам . Крајниот рок за користење на доделените ваучери во висина од 6000 денари им е до средината на декември годинава.
Доколку продолжи ваквата поддршка ќе може да се очекуваат гости во текот на зимскиот период.
„Ваучерите мое лично мислење е добро да се продолжат тоа е до 15 декември ако не се продолжат не верувам дека ќе имаме ноекои гости бидејки нема никакви резервации“, вели Ерхан Папранику хотелиер од Струга.
Дел од граѓаните не ги искористија ваучерите, некои бараа начин и да ги заменат за пари, но тоа беше невозможно.
„Тие што имаа ваучери поголемиот дел ги искористија останатите најверојатно не ни мислат да ги искористат тие бараа некои начини како да ги заменат за пари но тоа не беше можно имаше големи конторли така и требаше да биде. Се надеваме ќе можат да ги користат во зимските центри ако се продолжи нивната важност ако не се искористат пропаѓаат“ , вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
Според некои туристичките работници тие пари наместо да се делат на граѓаните , како ваучери требаше да бидат дирекна помош за туристичкото стопанство.
„Можеби беше подобро тие 16 милиони евра кои беа дадени како пакет мерки за помош тие ваучери кои се даваа на невработени луѓе со минималец можеби тие средства требаше да се прераспределат на туристичките водичи. Сепак обидот беше да се спаси туризмот “, вели Климент Наумов претседател на Здружението туристички водичи во Охрид.
Десетина поголеми хотели на брегот на Охридското езеро во неможност да ги покриваат трошоците ставија клуч на врата. До на пролет идната година нема надеж за туризмот, поради огромниот број на заболени со корона вирусот нема најави за Новогодишни празнувања.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град