Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и бизнисменот Сашо Симески денес и официјално беа избрани за кумови на големата верска манифестацијата Богојавление – Водици 2014, на свечената седница која ја организира здружението Богојавление. Бакрачески за престојната 2014 година на своите сограѓани им порача да бидат посплотени, посоединети, да развиваат позитивни вредности и секако да бидат благословени.
Традиционално и годинава на големиот христијански празник Пресвета богородица Пречиста, избран е новиот кум за празникот Богојавление – Водици 2014 година. Тоа е градоначалникот Никола Бакрачески, кој кумството за големиот празник Водици Богојавление 2014 го сподели со неговиот кум и во приватниот живот Сашо Симески. Честа да се преземе одговорноста за кумството за големиот христијански празник Богојавление – Водици е огромна. Тоа претставува предавање на една од најголемите духовни и хумани вредности со која што може да се закити еден охриѓанец или граѓанин на Р. Македонија, вели Бакрачески. Додека пак Симески, кратко изјави дека големо е задоволството да се биде кум на празникот Водици.
„Претставува своевидна човечка, хумана обврска да се споделуваат хуманите, духовните, традиционалните и верските позитивни вредности меѓу населението во Охрид, да се служи на граѓаните на Охрид и Р. Македонија и да се развива позитивниот дух кај истите – вели Бакрачески.
„Голема чест и задоволство за мене е да бидам кум за Водици. Посебна благодарност кон организаторите и секако градоначалникот Бакрачески, немам што да додадам или одземам се е кажано, благодарам на сите“– изјави Симески.
Бакрачески воедно ја пофали работата на здружението Богојавление кое години наназад успеа да постигне висока афирмција на оваа манифестација не само во земјава туку и во рамките на Балканот, како и тоа дека истата стана бренд кој што е препознатлив за Охрид.
Претседателот на здружението богојавление Љупчо Арнаудов, истакна дека убаво е да се слушнат пофални зборови од првиот човек на градот. Додаде дека тоа за нив е мотив плус да се стремат празникот Богојавление – Водици да стане балкански и Европски.
„Се надевам дека и оваа година ќе помине добро силна поддршка од Локалната самоуправа, а тоа е најважно во овие кризни моменти и се надевам дека овој празник за сите нас ќе биде најдобар“.
Новитет за празникот Богојавление – Водици 2014, е тоа што ќе се слави четири дена, а програмата ќе биде збогатена со концерти и други активности. Како и секогаш и за Водици 2014 се очекува Охрид да биде преполн со гости од земјава и однадвор , а се очекува и присуство на бројни делегации од дипломатските преставништва.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град