Сепак смета дека бројката на новозаболени во текот на 24 часа нема да биде повисока од 4.500.
Колку и да изгледа драматично растот на бројките, тоа беше за очекување. Ако продолжи сегашново темпо, кое што веќе се намалува, до врвот ќе стигнеме некаде кон крајот на јануари или почетокот на февруари, со не повеќе од 4.000-4.500 регистрирани случаи на дневно ниво. Но, тоа е само врв на леден брег. Реалната бројка е многукратно повисока – посочува тој за Нова Македонија.
Според него, време е да се соопштува само бројот на хоспитализираните, зошто сега е важно да се води сметка болниците да не ни се претрупаат и секако бројот на починатите.
Овој последниов бран сѐ уште се должи на делта. Тој е во опаѓање. Очекувам за недела-две да почнеме да броиме смртни случаи од омикрон, кои дефинитивно ќе бидат помалку – заклучува епидемиологот.