Подобрување на кадровската екипираност и раст на платите во здравството, раст на капитацијата за осигурено лице кај матични лекари и стоматолози решавање на проблемот на специјализантите,стимулирање и кофинансирање нови ПЗУ водени од млади лекари. Ова се дел од мерките од програмата на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија, кои денеска на прес конференција ги презентираше кандидатот за пратеник др Грација Бакраческа.
На Охрид и Македонија им е потребно квалитетно и модерно здравство. Затоа ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на подобрување на кадровската екипираност и континуиран раст на платите во здравството, порача денеска на прес конференција, кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ и Колаициајта Обнова на Македонија, д-р Грација Бакраческа.
„Предвидуваме континуиран раст на вредносната капитација кај матичните лекари и стоматолози, како и ревизија на медицинските и стоматолошките пакети; рационализирање на работното време на матичните лекари, зголемување на ефикасноста и ефективноста како и оптимизација на процесите со помалку администрација. Ќе ја коригираме казнената политика, која ќе се пресметува како процент од личниот доход. Временската рамка е 5% во 2022 година и 5% во 2023 година.“ – кажа Бакраческа.
ВМРО-ДПМНЕ во својата програма предвидува и ревидирање и проширување на мрежата за секундарна здравствена заштита кај медицинари и стоматолози, зголемување на основната капитација за осигурено лице и подобрување на моделот на плаќање на избраниот лекар и стоматолог, посочи Бакраческа.
„ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за решавање на проблемот на специјализантите со утврдување на достоинствена минимална плата на специјализантите и платени дежурства; кариерен план и план за специјализација, преку кој ќе се подобри преносот на знаење со менторство; ќе се подобрат условите во установите каде што се врши специјализацијата; бесплатна имунизација за специјализантите и студенти на медицина во втората половина од студиите. “
Доколку ја добијат довербта на граѓаните ВМРО ДПМНЕ ветуваат вработување за тројцата најдобри студенти од секој медицински факултет во земјата, стимулирање и кофинансирање нови ПЗУ водени од млади лекари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град