Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни- Светскиот ден на животната средина, втората недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на животната средина“ во која ќе бидат опфатени повеќе активности. И годинава ќе се реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “.
Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 500 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Даме Груев“ од пресекот со „Туристичка“ до „Питу Гули“, „Јане Сандански“ од пресекот со „Туристичка“ (Маркет Макси Д) до „Сирма Војвода“ (кружен тек кај болницата), “Питу Гули“, „Марко Нестороски“, „7-ми Ноември“, „Васил Главинов“, „Крсте Мисирков“, „Кузман Шапкарев“, „Богомилска“, „Ѓорче Петров“ и „Караорман“.
Делењето на цвеќињата ќе се изврши на 7-ми и 8-ми јуни 2011г. од 10 до 12 часот на локација во дворот на ОУ „Христо Узунов“ Охрид. Граѓаните од гореспоменатите улици цвеќето ќе можат да го подигнат со лични документи за идентификација, од кои ќе биде видлива адресата на живеење. Во рамки на „Неделата на животната средина“ ќе се организира и акција за собирање на стара хартија, во соработка со основните и средните училишта од Охрид. Акцијата ќе се одвива на 8-ми јуни (среда), од 8 до 17 часот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град