Цветкоски: Ќе преземеме низа мерки за социјална правда

Социјалната правда е една од можностите со која ќе се успее младите луѓе и младите семејства да се задржат во Македонија, сметаат од ВМРО – НП. Од таму додаваат дека социјалната правда треба да создаде  предуслови и доволно простор и време за социјалните категории да живеат еден нормален достоинствен живот.

 |  Николоска Биљана  | 
narodna
народна

cvetkoskiСоцијалната правда тема на денешната прес конференција на ВМРО – НП. Социјална парична помош во висина од минимална плата, корисниците на постојана парична помош да се заштитат од енергетска и комунална сиромаштија, ослободување од плаќање кирија во социјалните станови и радиодифузна тракса, студентите од социјалните семејства да не плаќаат партиципација за студирање, Закон со кој ќе се реши проблемот со стечајните работници, зголемување на детскиот додаток и посебниот додаток за дете за 10% секоја година, воведување на задолжителна квота за вработување на лицата со посебни потреби во државната и јавната администрација, но и во јавните претпријатија, се само дел од мерките кои ги предлагаат од ВМРО – НП, за да се надмине лошата состојба од социјалната сфера.

„Националното богатсво е сопственост на сите граѓани на Република Македонија. Мора да постои рамномерна поделба на тоа богатство. Некои ќе прашаат од каде пари за реализација на една ваква социјална политика. Одговорот е едноставен. Да се укуне рамниот данок. Да се воведе прогресивен данок  каде побогатите ќе плаќаат повеќе, помалу богатите помалку данок, а сиромашните, воопшто, да не плаќаат. Да се воведе даночна политика при која богатите ќе плаќаат данок до 50 % од своето богатство. Само тогаш ќе може да се каже дека Република Македонија е социјална држава“ – изјави Цветкоски.

{loadposkition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top