Цветан Грозданов-Цел живот посветен на наука и истражување

Академик Цветан Грозданов, денес прославува 50 години од својата плодна научно-истражувачка дејност.

 |  Мишел Наумоски  | 
Grozdanov
Грозданов

Зборовите „Златен јубилеј“ не се доволни да се објасни сјајот на една долга и успешна кариера. Цели педесет години, академик Цветан Грозданов, со сето свое знаење и искуство стекнато со макотрпна работа, стои прв на фронтот на откривањето и презервацијата на македонските најзначајни културно-уметнички дела. За нас, охриѓани, Грозданов е двојно позначаен поради фактот што е наш сограѓанин.

akademik Cvetan Grozdanov Од детството поминато во Света Софија, преку значајот на Охридската архиепископија, ликот на Свети Климент е негова најчеста размисла. Според академик Грозданов, токму овој период од македонската историја треба да биде подлабоко истражуван.

„Имам откриено повеќе стотици ликови на Свети Климент во Охрид, во Македонија, на Балканот и во светот. Тоа ми било просто пасија и опсесија, на мојата младост така да речам и треба да се проучува традицијата на Охридската архиепископија. Ако немаме континуирана државност, а немаме после Самоил, имаме скоро еден милениум Охридска архиепископија. Па таа не е падната од небо, па кој ја правел, кој работел на нејзе, наши луѓе.“-вели академик Цветан Грозданов.

50 godini naucna dejnost GrozdanovАкадемик Грозданов веќе одамна е познат и ценет надвор од границите на нашата држава. „Охрид е духовното јадро на словенскиот свет, јадро на писатели, создавачи, градители и на тоа го посвети својот богат научен век, академик Цветан Грозданов, и ние сме среќни што заедно доживеавме да славиме 50 години од неговото големо дело.“-вели неговиот долгогодишниот пријател, академик Гојко Суботиќ.

„Тие педесет негови години на научна работа, се 50 години на наше пријателство. Ние уште од студентските денови, јас тогаш бев асистент, академик Грозданов беше студент кој многу рано беше прифатен и ценет во нашата средина и стекна голем углед уште како студент пишуваше во најеминентните списанија.“-рече академик Гојко Суботиќ.

Има многу што да се зборува за академик Грозданов. Има објавено вкупно 315 научни труда од големо значење за македонската историја на уметност, но се чини она што најблиску го дефинира овој голем истражувач, е сликата на оној средношколец, Цветан Грозданов, кој за време на летниот распуст секојдневно работел на реставрацијата на Света Софија. Оној средношколец кој со скалпел во рака ја симнувал белата вар од прекрасните фрески во оваа охридска црква, тоа, и гладта…гладта после 50 години научен труд и натаму да се истражува.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top