Деновиве Црвениот крст од Охрид е во постојана комуникација со Крагуевац и Ужице, општините кои се погодени од катастрофални поплави, а со кои пак нашиот град е збратимен.
Деновиве Црвениот крст од Охрид е во постојана комуникација со Крагуевац и Ужице, општините кои се погодени од катастрофални поплави, а со кои пак нашиот град е збратимен. Претседателот Сашо Точков, вели дека од нивна страна на двете српски општини им била понудена помош со она што тие го имаат на располагање, односно на готовс се единиците за спасување на планина и непристапни терени.
„Ние веќе подготвивме 4 тима на спасители со потребната опрема, тоа се спасителни чамци , средства за спасување и дел од оние логистички ресурси кои што ги имаме дел ќебиња и останати производи кои што се сега во овој момент неопходни за населението кое што е погодено од овие поплави. Секако и Црвен Крст на Македонија е подготвен и приправен и очекува повик за да се упати со соодветни екипи на логистика за да однесат одредена количина на потребни материјали кои што се неопходни за населението. Нашите екипи се подготвени на стенд бу се очекуваме ако е потребни и кога ќе е потребно ако добиеме повик од Црвениот крст да се упатиме во Србија и да помогнеме на населението.“– вели Точков.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град