Црвен крст Охрид организира еднодневна планинарска тура од месноста Корита

Во рамките на одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања, Црвен крст Охрид на 20.02.2016 г. (сабота) организира еднодневна планинарска тура од месноста Корита 1350мнв до Липова ливада 1650мнв, на планината Галичица, со можност и за искачување на некој од околните врвови.

 |  Голабовски Крсте  | 
tura

На оваа физичка активност можат да учествуваат сите оние кои се чувствуваат психофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачувања на планина: планинарски чевли, планинарски ранец, (резервна топла облека, јакна за заШтита од дожд и ветар, храна и вода мин 1,5 л., капа, очила и друга заШтита од сонце).

Групата Ќе ја придружуваат и водат членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид.

За сите учесници Ќе биде обезбеден топол чај во Станицата за спасување на Црвен крст Охрид на местото Липова ливада, каде медицински тимови Ќе врШат основни здравствени прегледи на заинтересираните.   

ПоаЃањето со автобус до месноста Корита Ќе биде на 20.02.2016 г. (сабота) во 8:00 ч. од пред  седиШтето на Црвен крст Охрид (ул. „Димитар Влахов” 52). Цената на повратен автобуски билет е 250,00 ден.

Заинтересираните учесници потребно е да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид (со пополнување на соодветна пријава), секој работен ден од 8-16 ч.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top