Општинскиот Црвен крст одбележа 65 години од формирањето. Прославата отпочна со полагање на цвеќе пред бистата на оснивачот на меѓународното движење, Анри Динан, пред седиштето на Црвениот крст. Голем број волонтери со свечено дефиле продолжија низ улиците кое заврши на градскиот плоштад.Таму беа презентирани големиот број активности на Црвениот крст.
Во одбележување на 65 годишнот јубилеј присуствуваа и преставници од Црвениот крст од Крагуевац, Србија. Гостите не го криеа задоволството од соработката со охридскиот општински црвен крст со кој пред 5 години потпишаа спогодба за взаемна соработка. Секретарот на Црвен Крст Крагуевац, Невенка Богдановиќ им го честита на сите волонтери и вработени на Црвениот Крст значајниот јубилеј. Вечерва прославата на јубилејот продолжува со свечена академија на која ќе се прикаже работата на организацијата во сите нејзини сегменти во текот на оваа година, како и во изминатите 65 години.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град