Црните страници на УДБА утре ќе биде промовирана пред охриѓани

Капиталната едиција на документи насловена како Црните страници на УДБА утре ќе биде промовирана пред охриѓани.  Црните страници на УДБА слободно можат да се претстават како историја што допрва треба да се проучува, велат историчарите. Во ова капитално дело има податоци и за Охрид и охриѓани во периодот кога делувала УДБА до 2000 година.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Денес беше најавена промоцијата на капиталната едиција на документи насловена како „Црните страници на УДБА“ издадена од Државниот архив на РМ. Оваа капитална едиција на документи која е создадена под водство на директорот на државниот архив Д-р Филип Петровски и неговиот тим има огромно значење  не само во македонската историографија и документаристика туку и во целокупното општествено живеење.

Низ црните страници на УДБА се отсликани животи на наши предци, на луѓе кои ги познаваме и кои ја доживеале сличната судбина со нашите блиски. Црните страници на УДБА слободно можат да се претстават како историја што допрва треба да се проучува, истражува, дополнува и негува, рече Славица Јанковска-директорот на историски архив- Охрид.

Во едицијата е опфатен периодот на УДБА до 2000год. Едицијата е дел од комплет составен од 16 книги во девет тома кој ќе чини 15 000 ден., а сите кои сакаат да ја разгледаат тоа можат да го сторат во историскиот архив. Во едицијата има податоци и за Охрид и охриѓани.

Многу досиеја има, луѓе кои што треба да се пронајдат себеси, можеби некој кои не се зачувани низ депоата на архивите низ Македонија и Скопје можеби имаат тие свои досиеја што треба да ги откриваме. Голем дел од нив беа пречкртувани, но тимот во Скопје заедно со сите нас наоѓаше начин да ги открие тие досиеја. СЕ надевам дека и во Охрид има луѓе кои ќе дадат свои информации и оваа едиција ќе биде дополнета, вели Јанковска.

Промоцијата на капиталната едиција на документи насловена како Црните страници на УДБА ќе биде утре во 14 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Влезот е слободен.c

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top