Охридската цреша долгошишка се враќа на пазарот

Голем број овоштари формираат црешови насади. Црешите се многу барани на странските пазари. Одгледувачите предлагаат ова овошје специфично за охридскиот крај да добие и своја манифестација која ќе ја збогати туристичката понуда на градов.

 |  Јаковлева Лионела  | 
cresi
цреши

 Црешата на голема врата се враќа во Охрид. Ова специфично овошје кое беше обележје на охридскиот регион речиси исчезна но од пред две години овоштарите со финансиска стимулација од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство повторно почнаа да создаваат црешови насади. vancoЕден од нив е и Ванчо Стојаноски од село Оровник кој пред две години засадил 6000 стебла со цреша. Застапени се четири сорти па Стојаноски вели дека догодина кога веќе ќе се стасани за богат род бербата ќе трае околу 20тина дена. Тој објаснува дека црешата е четири до пет пати поисплатлива во споредба со јаболкото кое се форсираше во минатото и им советува на сите оние кои се двоумат дали да создадат насади со цреши да го направат тоа.

Цената за еден килограм цреши достигна до 120 ден., но ако настапиме здружено можиме да издејствуваме цена и до 180 ден, вели Стојаноски

Минатите години откуп на цреши имало за Русија, а оваа година заинтересирани се и Шпанците и Германците.

Покрај цреши Стојаноски одгледува и зеленчук како патлиџан, пиперки, брокула, пашканат, морков, зелка и др. Тој вели дека нашите производи се со посебен вкус поради специфичните климатски услови, надморската висина, но и регионот кој е богат со вода.zelencuk

Македонија сеуште е еколошки чиста животна средина и тоа странците го знаат и затоа ги обожаваат нашите производи, вели Стојаноски. Наша идеа е да се направи еден фестивал на црешата што би била посебна атракција за гостите, а би ја зголемила туристичката понуда на градов, додава тој.

 

Владата во март оваа година најави дека охридската цреша е во процес на регистрација односно брендирање како заштитен македонски производ заедно со валандовското бело зимско грозје, виното Станушина и галичкиот кашкавал.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top