Зголемениот број на Ковид 19 позитивни во целата земја, а исто така и во Охрид како еден од најпогодените градови, со изразено висока застапеност на “британската мутација”, на вирусот Sars Cov 2, која се одликува со значајно повисока преносливост, ја погоди и Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид која непрекинато ја врши својата дејност во услови на пандемија, но неколку месеци наназад во посебен оддел третира и Ковид пациенти.

„Сакаме да потенцираме дека во Ковид одделот кај нас се третира најкомплексни пациенти од Охрид и регионот, и многу од нив имаа потреба од неинвазивна и инвазивна респираторна подршка. Но, и покрај се ги информираме нашите пациенти дека непречено ќе функционира згрижувањето на сите итни случаи и Салата за интервентна кардиологија ќе биде на располагање 24/7 во функција на третирање на сериозни и животозагрозувачки состојби. И натаму, ќе работи ургентна амбуланта за оние кои имаат потреба од итен преглед. До нашите пациенти апелираме и натаму да бидат внимателни, да избегнуваат ризични контакти и да останат дома до постигнување на колективна имунизација“ стои во соопштението на оваа реномирана здравствена установа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град