Светската здравствена организација го оцени како „одлична вест“ резултатот од првото клиничко испитување што покажува дека евтиниот и широко распространет стероид дексаметазон може да помогне да се спасат тешко болните пациенти од коронавирусот. Кај нас нема зголемена побарувачка за овој лек во аптеките велат фармацевтите. Додаваат дека станува збор за сериозен медикамент кој во никој случај не смее да се зема без консултација со лекар.
Резултатите од првото клиничко испитување кое покажува дека евтиниот и широко распространет стероид Дексаметазон може да помогне да се спасат тешко болните пациенти од коронавирусот е прва терапија за која се покажа дека ја намалува смртноста кај пациенти со ковид-19, кои се наоѓаат на кислород или вештачка вентилација, изјави доцна синоќа Тедрос Аданом Геберејсус генералниот директор на СЗО“. Кај нас не се бележи зголемена побарувачка на овој медикамент велат фармацевтите.
„Сега за сега нема зголемена побарувачк,а нема некоја промена во продажбата, а сега каков ефект че има интернетот и како веста ке ја восприемаат пациентите тоа е друго“, вели Викторија Треневска фармацевтски техничар.
СЗО најави дека ќе координира една мета-анализа која подразбира ажурирање на клиничките сознанија на Организацијата за да може да се утврди како и кога лекот треба да се користи за лекување на ковид-19.Британските научници вчера објавија исклучително значајни сознанија за кортикостероидот дексаметазон во лекувањето на заболените со ковид. Пациентите на респиратори имале намален ризик од смртност од 40 на 28 проценти, додека пациентите со кислород имаат намален ризик од смрт од 25 на 20 проценти. Фармацевтите обасјнуваат дека станува збор за сериозен медикамент кој во никој случај не смее да се зема без консултација со лекар.
„Значи зборуваме за стероид кој никако не треба да се зема на своја рака и има големи контраиндикации, така да во принцип кога зборуваме за имунолошки проблеми и имунолошкиот систем не е препорачливо кортико стероидите да се земаат на своја рака. че си ги слушаат докторите и доколку се воспостави во терапијата само тогаш да се зема, никако на своја рака. 01,27 (лепи) 01,32„Нема да го даваме без препорака од доктор“ објаснува Викторија Треневска фармацевтски техничар.
Лекарите, исто така,ја истакнуваат сериозноста од употребата на овој лек. Објаснуваат дека истиот се дава кај тешките случаи на пациенти заразени од Коронавирус и во никој случај не смее да се зема на своја рака. Цената на овој лек за 10 дена чини многу малку, а притоа тој е достапен ширум светот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град