Меѓународното жири на 14 то биенале на фотографската уметност, Фотомедиа 2014 година, кое неодамна се одржа во Скопје на охридскиот фотограф Зоран Вељаноски Летра му додели златен медал од Фото сојузот на Македонија за колекцијата од три фотографии насловена како „Cool bridges 1. 2, 3“.
Меѓународното жири на 14 то биенале на фотографската уметност, Фотомедиа 2014 година, кое неодамна се одржа во Скопје на охридскиот фотограф Зоран Вељаноски Летра му додели златен медал од Фото сојузот на Македонија за колекцијата од три фотографии насловена како „Cool bridges 1. 2, 3“.
Годинава се претставија 175 автори од 35 земји од светот а изложбата на фотографии кои беа во конкуренција за награда ќе биде отворена на 13 ноември.
Меѓународната изложба на фотографската уметност “Фотомедиа” се организира секоја втора година од 1988 година од страна на Фото клуб “Елема” од Скопје и фото клубот Нирнберг од Германија. Членовите на Фото клуб “Елема” од Скопје и Фото клуб “Нирнберг” од истиот град, предводени од нивната заедничка страст за фотографија и креативниот го соединија својот уметнички потенцијал. Традиционалната изложба од година во година го зголемува бројот на учесници од различни земји со што стана една од најзначајните фото изложби.
Црно белите фотографии од Зоран Вељаноски – Летра неодамна беа претставени и на нашата најголема културна манифетсција „Охридско лето“, а денес неговиот црно бел свет е изложен во просториите на кафе барот Објектив и новоотворениот Кабинет.
Зоран Вељаноски – Летра е роден на 31 јули 1965 година во Охрид, Македонија. Со фотографија се занимава од најрана возраст. Високо образование завршил на Филмската Академија ЕСРА – Париз – Скопје – Њујорк, на Факултетот за сценски дизајн, катедра Фотографија. Магистерските студии ги продолжува на Институтот за Фотографија во Њујорк. Досега има 16 самостојни изложби во земјава и светот а учествувал и на повеќе групни изложби. Член е на претседателството на Фото сојуз на Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град