Петрески: „Ова е чиста политичка пресметка“

„Охрид се заобиколува од сите страни“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Aleksandar Petreski
Александар Петрески

Со овие зборови охридскиот градоначалник Александар Петрески и се обрати на централната власт и ја обвини за опструкциите кои таа ги прави. Опструкциите за влез во втората фаза од децентрализацијата, малиот буџет на општината и културата беа само некои од причините за свикувањето на овој прес.

Aleksandar PetreskiНа денешната прес конференција Петрески кажа дека односите помеѓу локалната и централната власт не само што не се подобриле, туку тие имаат тренд на надолна линија. Прво тој го истакна намалувањето на средствата од страна на Фондот за патишта.

„Ако пред две години добивавме 24 милиони денари, а лани се намали висината на средствата на 13 милиони, оваа година добивме само 7 милиони“, потенцира градоначалникот.

Тој додаде дека намалување на средствата има кај сите други општини, но дека собраните средства не се распоредуваат подеднакво, односно дека приоритетни се општините каде градоначалниците се од редовите од политичката партија која е на власт.

Културата беше следната област за која Петрески е сигурен дека опструкции од централната власт постојат. Доказ за тоа според него е исходот од манифстацијата „Град на култура“.  Градоначалникот гневен, истакна дека тука станува збор за чиста политичка пресметка. Дека Охрид со јубилеите кои годинава се одблелжуваат, како десетте века од изградбата на Св. Софија, 1100 годишнината од раѓањето на Св. Наум, 30 години од добивањето на заштитата од УНЕСКО, бил фаворит, но критериумите биле малку поинакви.

Во однос на блокираната сметка на општината, Петрески кажа дека се спречени да подигнат заем за чистење на заостанат долг, кој всушност е акумулиран од претходната власт, а со тоа се спречува можноста за влез во втората фаза од Децентрализацијата. Доколку не им се дозволи да земат кредит или да добијат позајмица како некои други општини,
градоначалникот се надева дека најдоцна до септември општината и сама ќе успее да влезе во втората фаза.

Останатите обвинувања се однесуваа на стопанисувањето со езерото и користењето на водните ресурси од страна на државата и трошоците кои се на товар на општината за грижата на езерото. Тој побара и побрзо решавање на ситуацијата со Проаква и побрза делба на охридскиот од струшкиот водовод. Градоначалникот Петрески најави поагресивна реакција до сите амбасадори во земјава, токму во врска со опструкциите кои се прават од страна на Централната власт.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top