Како што веќе е познато, една од причините за поплавите што настанаа минатата година како резултат на обилните врнежи, на повеќе места во општина Охрид, беа затнатите канали од нанос. Годинава, со цел општинава да не го доживее истото сценарио, се пристапи кон третман на истите. ЈП „Охридски Комуналец“ по налог од локалната самоуправа, од денес, па во наредните три месеци, треба да одговори на оваа задача. Првиот човек на „Охридски Комуналец“ Сашо Алчев, вели дека мора сериозно да пристапат кон чистење на сите места што претставуваат тесни грла на речните корита и мостовите, кадешто има големи наноси, бидејќи децении наназад тоа не е направено.
Алче потенцира дека е познато кој треба да биде носител на ваквите активности, но во интерес на граѓаните на општина Охрид, тие како комунално претпријатие мора превентивно да делуваат.
Првиот човек на Охридски комуналец вели дека добра околност е тоа што годинава навреме се отпочна со овој зафат, односно, пред да започнат обилните есенски дождови. Алче рече дека кадровски и технички се добро екипирани што ветува ефективно и ефикасно извршување на поставената задача.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град