Мал дефект, им отвори голем проблем на службите на МЈП „Проаква“. На ул. „Карпош Војвода три дена непрекинато се прелива чиста вода од две шахти. Од ЈП запознати се со проблемот и најавија дека деновиве ќе преземат мерки за санирање на дефектот.
Чиста вода извира од две шахти на ул „Карпош Војвода“ во близина на детското игралиште. Ова трае веќе три дена, а надлежните сеуште ништо не презеле, коментираат жителите на овој потег. Проблемот на стручните служби на МЈП „Проаква“им бил познат. Според раководителот на водоснабдување Влатко Иваноски, не станува збор за сериозен дефект, но зафатот кој што треба да го направат за негова санација бил голем и потребна била дополнителна консултација со релевантните служби од Локалната самоуправа.
„Проблемот е што местото е специфично, затоа што дефектот пред шахтата е на едно метро и проблем ни е ова игралиште. Највероватно дел од игралиштето ќе треба да се оштети, затоа ќе мора да видиме со Локалната како ова ќе го изведиме. Значи не е голем проблем, било каков друг дефект досега ќе беше саниран. Малку е местото специфично бидејќи цефката оди под самото игралиште“ .
Според проценката што досега ја направиле, Иваноски смета дека два метри треба да се навлезе во детското игралиште да се пресече металната конструкција, но за тоа потребна е дополнителна дозвола од Локалната.
„Се надеваме дали утре или до петок ќе го санираме ова. Водата што тече оди на наш трошок, дефектот не е голем, тој е настанат на некој спој, а да беше дефект на самата цефка досега ќе експолодираше“.
Останува да видиме дали до петок како што вети Иваноски дефектот ќе биде саниран. Тој категоричен е во ставот дека загубата на вода е мала, во споредба со зафатот кој треба да се изведе при што треба да се уништи дел од самата подлога.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град