Чиста сметка долга љубов

Тендерот за набвка на ДВД презентација на Охрид, да се поништи, сугерира градоначалникот Петрески.

 |  Билјана Николовска  | 
TVM
TVM

Денес градоначалниот Александар Петрески сугерираше да се поништи тендерот за набавка на промотивно ДВД за Охрид. Дали со денешната изјава на градоначалникот  се потврдуваат сомнежите на нашиот сограѓани кој што до нашата редакција испрати допис каде јавно прашува дали Градоначалникот преку ТЛЕР  плаќа рекет од 20 000.

„Од она што  јас го пратам мислам дека комисијата од општина Охрид која ги води тендерите мислам дека треба да го поништи овој тендер меѓутоа тоа е одлука на комисијата а не моја“, вели Петрески

Како што ТВМ веќе информираше станува збор за тендер за набавка на ДВД презентација на Охрид, но во тендерот не беше наведено подетално за какво ДВД станува збор. Каква презентација на Охрид треба да се направи (дали на културното наследство или на природните реткости), со која минутажа треба да биде истото, во која техника треба да биде изработено дали во Бета, филмска лента итн, за колкава бројка на ДВД-ја станува збор, и др. Во денешниот разговор Петрески ни кажа дека изработката на ова ДВД е во согласност со програмата за јавни набавки на општина Охрид.

„Тендерот е во согласност со прогамата на општина Охрид за промоција во согласност со програмата за јавни набавки и затоа е распишан, иначе комисијата не смее и неможе да го распиши. Во однос на постапката како течел тендерот, кој учествувал на тендерот кој имал а кој не право на учество, во однос кој е избран и тоа е проценка на комисијата.

Но, за разлика од градоначалникот, како што ТВМ веќе информираше во вторникот, раководителот на Секторот за ТЛЕР Гоце Симоноски изјави дека неговиот сектор нема поднесено барање за изработка на вакво ДВД и нема потреба од истото.

Понатамошниот тек на работите во врска со тендерот е во рацете на комисијата која одлучува за регуларноста на истиот и сноси одговорност, вели Петрески.

ТВМ денес стапи во контакт и со претседателот на комисијата која треба да одлучи во врска со тендерот за набавка на ДВД презентација за Охрид Игор Бежоски. Тој рече дека сеуште комисијата не била состаната за да ги разгледаат трите пријавени понуди по овој тендер, а не прецизира ниту датум кога тоа ќе се направи. Инаку на овој тендер пријавени се MS Про Софт, АСП Охрид и Пржин Продукција.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top