Чист оџак топол дом

Одржувањето на оџаците треба да биде три пати годишно, на почетокот, на средината и на крајот на грејната сезона, советуваат од Територијалната Противпожарна единица Охрид. Од таму укажуваат дека најопасно е да се врши палење на оџакот, бидејќи може пламенот да се поврати во соба и да настане голем пожар.

 |  Николоска Биљана  | 
odzak
оџак

odzakЧистењето на оџаците е задолжително за сите, без разлика дали се работи за станбен објект, куќа или пак јавна институција. Грејната сезона официјално започнува од 15 ти октомври, а неисчистените оџаци можат да бидат сериозна опасност за објектите кои се затоплуваат на тврдо гориво. Од охридската противпожарна единица апелираат до граѓаните, за време на грејната сезона три пати да ги чистат оџаците.

„Посебно внимание треба да се обрне на чистењето на оџаците чадоводните канали од ложиштата кои ги користат грејните тела, но не само тоа, пред грејната сезона треба да се исчистат комплетно и самите грејни тела, затоа сето тоа што е наталожено ако не е исчистено после завршетокот на прошлата грејна сезона, време е сега да ги отстранат сите наслаги кои што се на самите грејни тела“ – вели командирот на ТППЕ од Охрид.

Прентоски нагласи дека за одржување на сите елементи, од грејни тела, оџаци, системите за воздушно ладење и греење, котлите за парно, постои правилник по кој треба да се придржуваат сите кои што ги користат, а посебно угостителските објекти. Тој  предупредува дека во последно време голема опасност постои при изградбата на слепите кровови, бидејќи тука не ретко се случувало несоодветно да бидат изградени оџаците и лесно да настане пожар.

prentoski„Затоа ние секогаш имаме проблеми во тие објекти и последиците во таквите објекти се поголеми но за жал се надевам дека во иднина ќе имаме помалку и сите граѓани кои ќе го слушнат сето ова да превземат мерки пред грејнава сезона да ја согледаат состојбата во сопствените објекти каде што користат грејни тела на цврсто гориво, дрва, јаглен или со течни горива да си проверат во делот на поткровјето и ако е меѓуспратната конструкција дрвена на постарите објекти да проверат каков е односот на оџакот со дрвените елементи, чатмите летвите и слепиот патос“  – нагласува Прентоски.

Во противпожарната единица не постои служба за одржување на оџаците. И ако чистите оџаци се гаранција за топлина во домот, охриѓани време е да ги ангажирате оџачарите пред сезона да ви го исчистат оџакот за да не стравувате од последиците кои можат да ве снајдат.
Инаку според статистиката на ТППЕ Охрид, годинава бројот на интервенции досега е 221, но според командирот Спасески годинава пожарите предизвикале помала материјална штета во споредба со лани.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top