Веќе 33 години неуморно ја носи поштата во секоја куќа. Според него, поарно се работеше во старите добри времиња, кога сите со нетрпение го очекуваа чичко поштар.
Веќе 33 години неуморно ја носи поштата во секоја куќа. Според него, поарно се работеше во старите добри времиња, кога сите со нетрпение го очекуваа чичко поштар.
И да врне и да вее и бура да коси поштар пошта носи… Ова е дел од познатата детска песна но и дел од секојдневието на чичко Стефан – охридскиот поштар. Оваа работа тој ја врши веќе 33 години. За себе вели дека сеуште си ја сака професијата како на самиот почеток кога се вработил. Преку неа стекнал големи искуства, и пред се нови познанства. Како што вели, го познаваат од најмало до најстаро. Во својот работен век, тој испорачувал пратки претежно во централното градско подрачје, каде живеат граѓани од сите националност. Вели дека бил подеднакво добро прифатен од сите.
„Во секој дом влегував како дома, дури знаев во кои куќи спие дете за да не заѕвонам на врата. Само влегувам ја предавам пошата и си заминувам“-кажува поштарот Стефан.
Кога би правел компарација, кога се работеше подобро, дефинитивно би ги потенцирал старите добри времиња, вели чичко Стефан. Сега бројот на пратки е многу поголем од порано и сме преоптеретени со работа, речиси многу малку време имаме за себе, додава поштарот. Затоа тој се теши со минатото, кога младите со нетрпение ја очекувале неговата пошта.
„Во минатото, бидејќи тогаш младите се допишуваа со писма, ми кажуваа пред време дека чекаат пошта. Ме информираа дека треба лично да им ја предадам во раце со цел да не дознаат родителите со кој се допишуваат нивните деца“ раскажува поштарот.
Во својот работен век чичко Стефан кажува дека не му се случиле непријатни ситуации. Единствено што потенцира тој, е дека секое семејство треба да го следи трендот на странските земји, и пред дворот на секоја куќа да има поштенско сандаче.
Инаку денеска се одбележуваат 60 години од Светскиот поштенски сојуз.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град