Чистењето на езерото од цврст отпад дава резултат

Под мотото „Без вода нема живот”охридските нуркачи традиционално ја спроведоа акцијата за чистење на дното на Охридското Езеро, од цврст отпад. Нуркачите извадоа пластични шишиња, столици и маси, автомобилски гуми, и сметаат дека отпадот во езерото го фрлаат исклучиво охриѓани. Акцијата се реализира со поддршка на локалната самоуправа која веќе започна низа активности за организирано чистење на градот.

 |  Николоска Биљана  | 

Охридските нуркачи успешно ја спроведоа акцијата за чистење на дното на Охридското Езеро. Пред самиот почеток на летната туристичка сезона Клубот за подводни дејности „Охрид“ и членовите на НК Амфора вчера на потегот од градското пристаниште до Канео го чистеа езерото од од цврст отпад.

Секоја година од дното на езерото вадиме многу цврст отпад но можам да потенцирам дека последниве години имаме се помалку отпад, што значи дека овие акции и тоа како придонесуваат за подигнување на свеста кај граѓаните за зачувување на Охридскот Езеро“ – вели Милутин Секулоски од НК „Амфора“

Акција се одвиваше под мотото, ,,Без вода нема живот”. Чистењето на езерото од цврст отпад дава резултат и придонесува за јакнење на еколошката свест, вели Горан Балевски од Клубот за подводни активности „Охрид“, додавајќи дека позитивно е тоа што секоја година се намалува количината отпад која нуркачите ја вадат од водите на езерото.

Наша единствена цел е да влијаеме врз свеста на граѓаните. Успеавме во овие 20 години на луѓето да им врежиме како на грамафонска плоча дека не треба да се фрла отпад во езерото. Охридсково Езеро го загадуваат исклучиво охриѓани, не може некој Скопје да дојде и да фрли машина за перење“.

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски изрази благодарност до нуркачите, рече дека и во иднина ќе ги поддржува ваквите акции кои сепак влијаат и врз туристичка понуда на градот.

Ова е единствениот начин за да се собере цврстиот отпад од дното на Охридскот Езеро. Имавме акција и вчера во која учествуваа од Ротари, имавме и претходно од охридските фирми, така што им честитаме за општествената одговорност која што ја покажуваат и се надевам дека тоа ќе продолжи и понатаму бидејќи чистотате е еден од основните услови за добар изглед на градот и за една добра туристичка понуда

Акцијата е традиционална и овој проект целосно е поддржан од Локалната самоуправа на општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top