ЧИСТ ОХРИД: ИТНО ПОСТАВУВАЊЕ СТОЛПЧИЊА НА НОВИТЕ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ВО ОХРИД!

Активистите на неформалната еколошка организација „Чист Охрид“, како заложба го имаат фокусот на унапредувањето на животната средина, но не го изоставуваат и квалитетот на живот кој мора постојано да се унапредува. Односно, сите придружни работи кои се подразбираат под унапредувањето на животната средина и квалитетот на живот.

 |   | 

Иако ги поздравуваат заложбите на локалната власт за создавањето нови велосипедски патеки, велат дека нивниот концепт мора да се унапреди и доработи.Имено, повеќе од два месеци, новите вело-патеки низ градот не се целосно завршени.

Освен обележувањето на патеките, ситуацијата на улиците каде што се наоѓаат е идентична како порано.Како организација бараат под итно поставување на столпчиња на патеките, со цел заштита на животот и поголема безбедност на велосипедистите во градот кои се еднакви учесници во сообраќајот.

Автомобилите доминираат, а новите патеки се окупирани од нив што го отежнува транзитирањето. Освен ова, во иднина бараат и целосна заложба на локалната власт во подобрувањето на велосипедската инфраструктура.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top