„Чичко, ми се скинаа патиките, дај позајми ми ги влечките“

„Чичко, ми се скинаа патиките, дај позајми ми ги влечките“. Станува збор за интересен настан кој ќе се одвива утре, петок 31 март, со почеток во 20 часот во ЦК „Григор Прличев“. Младите средношколци од средното училиште „Св Кирил и Методиј“ кои го подготвија овој сценски настап ветуваат незаборавни точки, музички, драмски, танцови, на тема „Во очите на општеството“ .

 |  Николоска Биљана  | 

Не треба луѓето да ги гледаме површно, треба да ги откриеме какви се во суштина, да им дадеме шанса и да не ги дискриминираме. Ова е пораката на група млади средношколци од четврта година од средното училиште „Св Кирил и Методиј“, кои за два месци успеаа да подготват получасовна претстава насловена „Чичко, ми се скинаа патиките, дај позајми ми ги влечките“. Насловот на пртставата е интересен, невообичаен а во него се кријат реални дејствија од животот, вели Кирил Андоновски.

„Се трудевме да направиме настан поразличен од обичниот. Ќе има најразлични содржини, свирење, пеење, играње, секако имаме и една наша авторска драмска претстава која се надевам дека ќе привлече огромно внимание.  Најинтересно би рекол дека е тоа што секогаш во суштина не размислуваме за тоа што е всушност суштината на човекот туку едноставно ги гледаме површно несваќајќи ги нивните внатрешни доживувања, состојби, намери

Андоноски вели дека најважно од се е пред присутните во публиката да остават добар впечаток прикажувајќи го својот труд и талент. Појаснува дека идејата за една ваква претстава потекнува од нивната желба како средношколци од четврта година, да остават нешто по кое градот ќе ги памети.

„Размислуваме веќе како би можеле ова да го продолжиме, да го направиме како некоја традиција на некој начи. За сега единствениот настан кој што ни е планиран и закажан е овој, но во зависност од тоа како ќе им се допадне на публиката и какви ќе бидат нивните коментари подоцна планираме и други активности

Во реализацијата на овој проект учествуваат околу 40 средношколци. Влезниците се продаваат по 100 денари. Собраните средства од претставата во соработка со ОО на Црвениот Крст Охрид ќе бидат донирани на семејствата од градов кои се под социјален ризик.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top