Четворица мртви за време на безредијата пред Конгресот

Сенатот и Претставничкиот дом ја продолжија седницата прекината по упадот на поддржувачи на Трамп, за да го потврдат Џо Бајден како претседател.

 |   | 

Сенатот и Претставничкиот дом ја продолжија седницата прекината по упадот на поддржувачи на Трамп, за да го потврдат Џо Бајден како претседател.

Сенатот и Претставничкиот продолжија со работа откако безбедносните сили ја обезбедија зградата на Капитол Хил.

На конгресната седница треба да биде потврдена победата на Џо Бајден, демократскиот предизвикувач на републиканецот Доналд Трамп, на изборите на 3 ноември.

Синоќа седницата беше прекината откако поддржувачи на претседателот Доналд Трамп упаднаа во зградата, предизвикувајќи невидени сцени на насилство. Сенаторите и конгресмените беа привремено евакуирани, а потпретседателот Мајк Пенс одведен на безбедно место. Во Вашингтон беше воведен полициски час. Повеќе сојузни држави испратија единици на Националната гарда за заштита на Конгресот во Вашингтон. Полицијата соопшти дека пред зградата на Конгресот бил најден експлозив и молотови коктели во едно возило.

Во насилните инциденти околу Капитол смртно настрадаа најмалку четири лица. Една жена загинала откако било пукано во неа, како што соопшти полицијата, но околностите за нејзината смрт не се јасни. Три други лоца починале од здравствени компликации. Повредени се 14 полицајци, од кои двајца тешко, а уапсени се 52 лица.

Упадот во Конгресот се случи откако Доналд Трамп им се обрати на повеќе илјади свои приврзеници близу Белата куќа, повторувајќи ги обвинувањата дека победата му е украдена со изборна измама, за што досега не приложи никакви докази, а судовите ги отфрлија неговите жалби како неосновани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top