Четкар: Со мојата музика сакам да го славам позитивното чуство

Секогаш со позитивна енергија, скромен за своите успесите и настапи кои стојат пред него ширум светот, охриѓанецот, светски реномираниот џез музичар Владимир Четкар, ексклузивно за телевизија ТВМ, пред синоќешниот настап во хотел „Филип“  во Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

Посебна вечер за паметење во Охрид, најавува светски реномираниот џез музичар Владимир Четкар. Тој вечерва  пред охриѓани и сите останати гости ќе го претстави својот најнов албум. Се исполни мојата долгогодишната желба да настапам во своето родно место, надвор од градот, гужвата, во прекрасната населба Св Стефан, на место кое претставува микс на убавини, уникатна сцена, покрај базенската тераса на хотелот Филип, со поглед кон езерото, вели Четкар.

„Овој пат интересно е бидејќи е баш пред заминувањето на Нишвил Џез фестивал, кој ќе имам чест годинава да го отворам заедно со уште еден португалски бенд. Пред пет години настапив, но годинава ми дадоа голем тајминг за претставување на мојот нов албум и истата програма ќе ја свириме и вечерва во хотел Филип за публиката во Охрид и во една многу поинтимна средина сетинг еден нов аранжман ново руво на моите песни и ќе биде посебна вечер“ – објаснува Четкар.

Владимир Четкар нашата земја ќе ја претстави на најголемиот интернационален џез фестивал во југоисточна Европа, Нишвил Џез фестивал. Тој смета, голема чест е да се отвори еден таков фестивал, со оглед на тоа дека во последно време, уметноста и тој пософициран музички израз е андерграунд, каде повеќе доминира големата комерција, гласност. Додава дека добро е што организаторот од Ниш одлучил од Македонија да увезат убав продукт од аспект на музика и култура. Но сепак, за големиот музичар Четкар, дома си е дома, на прво место е домашното воспитание, кое за него е патоказ кој го води да се пробие во светот рамо до рамо со најпопуларните во џез музиката, секако со неговиот талент. За него не важи клишето дека најтешко е да се настапи пред домашна публика, за него најголемо задоволство е да настапи пред својата публика.

„Сватив дека ќе дојде момент, ако се оди како што треба кога твојте идоли ќе ти станат конкуренција кажано на позитивен начин. Одеднаш застануваш на сцена со нив еден ден како што застанав во Њу Јорк во Лос Анџелес…….имаше многу моменти каде што се ковав и што повеќе учев сватив дека таму е поинаку  дека ако пред тебе на сцена застанал Џорџ Бенсон и ли Пат Метени стандардот е толку многу висок и со таа публика имаш однос како уметник. Тука мора многу да се напнеш и да дадеш од себе и стресот е поголем…тука ти ќе го пренесеш истиот квалитет и искуство но има еден момент посебен магичен“ – нагласува Четкар.

Со мојата музика сакам да го славам позитивното чуство, не сакам инспирација да добивам од меланхолија и тага бидејќи тоа премногу го има во животот, вели Четкар. Додава дека студио каде твори е неговата глава, во студиските простории само го снима материјалот. Тој наоѓа време за фамилијата, за спортот, за авантури, но секако неговата животна приказна е музиката.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top