Четири лица од регионов не ја почитувале забраната за движење

Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна.

 |   | 

Изминатово деноноќие, во периодот од 07 часот на 04.04 до 07, часот на 05.04.2020 година, четири лица ( Охрид-1 и Струга-3), не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Во истиот период, едно лице не ги почитувало одредбите за карантин и за време на траењето на мерката, ја напуштил хотелската просторија и се упатил во друга просторија. Против сите лица кои ги прекршиле законските одредби, ќе бидат поднесени кривични пријави според членот 206 од Кривичниот законик. .Истовремено, не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Во Охрид, евидентирано е едно ново лице со решение за изолација и извршени се 48 контроли на овие лица. Во Дебар, регистрирани се 7 нови лица во самоизолација и извршени се вкупно 251 контрола на овие лица (Охрид-1, Струга-125,Кичево-1 и Дебар-124) Полициските службеници извршија 47 контроли на угостителски објекти.

-Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, Во рамките на предвидените мерки во оперативниот план, полициските службеници ги реализираат мото-патролите низ градските средини и приградските населби. Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди. Непречено се одвива процесот на извлекување на лицата кои во изминативе 14 дена беа во самоизолација а денеска, од Дебар ќе биде извршен спровод на две лица. Во општините Дебар и Центар Жупа успешно се спроведуваат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Упатуваме апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана на движењето од 21.00 до 05.00 часот секој ден, а за време на викендите од 16 до 05 часот. Апелираме на совесно и дисциплинирано придржување до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top