Чествување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“

Започна чествувањето на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов„. Со полагање свежо цвеќе пред спомен обележјето во дворoт на училиштето и со прогласувањето на наградените ученици на конкурсите објавени по повод патрониот празник, започнаа активностите кои ќе траат се до понеделник. Директорот на училиштето, Тони Симоноски, со гордост кажа дека е огромна чест, но и одговорност да се биде прв човек на оваа образовна установа.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Со полагање свежо цвеќе пред спомен обележјето на Христо Узунов во дворот на училиштето денес започнаа активностите за одбележување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“. Оваа година се одбележуваат 112 години од смртта на Узунов а училиштето одбележува и 40 годишен јубилеј. Покрај делегација на училиштето, предводена од директорот на училиштето, Тони Симоновски, свежо цвеќе на бистата на Узунов положија заменик градоначалникот на Општина Охрид, Ангел Јанев, советниците при Советот на Општина Охрид, Јованка Точко и Дејан Пановски, здружението „Mетодија Патче“– Охрид, ветерани, како и ученици. Директорот Симоно вски рече дека е горд што е прв човек на ова училиште кое од ден во ден се повеќе се докажува како квалитетна образовна установа.
Чуството е многу убаво. Се гордеам со постигнатите успеси на нашето училиште, на учениците и нивните наставници кои безрезервно се залагаат. Но исто така и одговорноста е голема да се биде прв човек на ова училиште бидејќи треба да се продолжи патот по кој тоа се движи, вели директорот Симоноски.

Одбележувањето на патрониот празник продолжува вечерва со изложба на ликовни творби на учениците од ова училиште и со свечена програма која ја подготвија учениците заедно со нивните ментори- професорите. Посебно внимание им беше укажано и на наставниците кои тука го поминале својот работен век и кои се во пензија.
Утрово имавме средба со пензионерите и тоа беше прекрасно дружење исполнето со многу спомени, емоции и сеќавања. Тие многу имаат направено за ова училиште и затоа за нив вратата е секогаш отворена, вели Симоноски.
Активностите ќе продолжат во недела во Центарот за култура „Григор Прличев“, каде што ќе се одржи Меѓународен фолклорен фестивал „Христо Узунов“. А, завршуваат во понеделник со полагање на свежо цвеќе и историски час пред спомен обележјето на Христо Узунов во градскиот парк како и Панихида и свечена програма по повод 112 годишнината од смртта на Христо Узунов на споменикот во с.Цер.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top