ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ЗА БОЖИЌ

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитки до православните христијани по повод најголемиот христијански празник, рождество господово –Божиќ.

 |   | 

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитки до православните христијани по повод најголемиот христијански празник, рождество господово –Божиќ.

Упатувам најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник- Божиќ. Ова е најрадосниот ден меѓу христијаните, денот кога секој од нас во кругот на нашите семејства најмногу треба да се радува и да биде со Бога. Нека празникот ви дарува полно срце, чиста мисла и бистар ум. Бидете среќни, а душата и срцето нека ви бидат исполнети со топлина и милост . Во мир и хармонија со најблиските да го пречекаме празникот и пораките кои тој ни ги носи, да правиме добри дела, да имаме разбирање и да бидеме љубезни еден кон друг.

Градејќи заедница врз вистинска божја љубов со која сме ги негувале највисоките духовни вредности, продолжуваме заеднички да реализираме проекти кои се за доброто на сите нас .

Со желба за здравје и благосостојба што ќе траат во целата година, ви го честитам овој голем христијански празник. – стои во честитката на градоначалникот Георгиески.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top