Градоначалникот Константин Георгиески упати честитка по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија-8-ми Септември.
Градоначалникот Константин Георгиески упати честитка по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија-8-ми Септември.
– Денешниот голем празник е доказ за истрајноста и одлучноста на нашиот народ да изгради слободна, независна и суверена држава. Пред точно 29 години македонските граѓани донесоа историска одлука со која беше исполнет вековниот стремеж и беше остварен сонот на многу наши предци.
Водени од желбата и плановите за обезбедување на подобри услови за живеење во сите сегменти на општеството, продолжуваме посветено да ја градиме нашата држава Република Северна Македонија, да го јакнеме единството и демократијата, кои се сигурна основа за успех и напредок.
Веќе сме членка на најмоќниот сојуз на светот ‒ НАТО и ги започнуваме преговорите за рамноправно членство во Европската Унија. Интеграцијата помеѓу најпросперитетните држави гарантира брз економски развој и овозможува сигурна иднина за нас и новите генерации.
Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна Република Северна Македонија!, се вели во празничната честитка на градоначалникот Константин Георгиески.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град