Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка до српската заедница и до останатите припадници од православна вероисповед што го празнуваат големиот христијански празник Св. Сава.
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка до српската заедница и до останатите припадници од православна вероисповед што го празнуваат големиот христијански празник Св. Сава.
-Дозволете ми, на сите припадници на српската заедница во Охрид и во Република Северна Македонија да им го честитам празникот посветен на големиот просветител, Св. Сава.
Посакувам овој ден да ви помине во добро здравје и убаво расположение во кругот на семејството. Негово одбележување е придонес кон почитување на различните културни особености на сите заедници во нашето општество. Само така создаваме традиција на негување на меѓусебните односи и почитување на различностите.
Српската задница е значаен дел од нашето општество и придонесува во целокупниот општествен, економски и политички развој на нашава земја. Уверен сум дека со меѓусебно разбирање и почитување ќе продолжиме да градиме напредна и развиена држава која се стреми да биде дел од Европското семејство.
Честитајќи Ви го празникот, ви посакувам добро празнично расположение, здравје, среќа и бериќет– стои во честитката на градоначалникот Георгиески.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град