Чаршиски еснаф: Јавните претпријатија да не не` даваат на извршители

Пандемијата затвори десеттина дуќани во охридската чаршија.  Продавници  за текстил, слаткарници,  парфимерии, цвеќарници и сувенирници неможејќи да ги подмират месечните трошоци  ставија клуч на врата.

 |  Соња Рилковска  | 

Пандемијата затвори десеттина дуќани во охридската чаршија.  Продавници  за текстил, слаткарници,  парфимерии, цвеќарници и сувенирници неможејќи да ги подмират месечните трошоци, ставија клуч на врата.

Од здружението „Чаршиски еснаф“  велат   прометот, што е дирекно зависен од турзмот, им е намален за 70%, за да опстанат бараат да бидат опфатени и во петтиот пакет мерки за субвенционирање на плати за вработените.  
Високите закупнини на дуќаните се најголемиот товар, но  бараат и општината да им ги намали  комуналните давачки и фирмарината.

„Ги повикувам сите јавни претпријатија  да не прават блокирања да не не` даваат на извршители затоа што вистина имаме проблеми. Гледате дека чаршијата е пуста. Имавме само два месеци туризам годинава но тоа не е доволно и не е тип на туризам  на кој Охрид е научен да функционира беа дојдени исклучиво луѓе за плажа, не беа заинтересирани ни за бисер, ни за гардерба“ , вели Маја Бакалова  претседател на Здружението „Чаршиски еснаф“.

Иста е состојбата и кај занаетчиите.  Од почетокот на пандемијата  до денес во Охрид  затворија 12  занаетчиски дуќани.

„Имаме голем пад  поради корона кризата секако и занаетите сите ние сме дел од таа алка кога една  алка ќе се скини цел синџир пропаѓа. Се бориме  со сите максимуми за да г спасиме сите наши трошоци“, вели Михајло Филев производтел на Охридски бисери.

„Прометот се намали  нема туристите кои доаѓаа групи. Годинава е нула“  вели Коста Аиноски, резбар од Охрид.

Гoлем дел од дуќанџиите и сами беа заболени од корона вирусот, продавниците  им беа затворени, вработените во излоација,  а за тој период не добиваа никаква помош од владата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top