Пристигнувањето на првите авиони на охридскиот аеродром е планирано за 12:30 односно 17:15 часот. Полетувањето од охридскиот аеродром ќе биде во 13:20 за Цирих односно 17:45 часот за Милано.
Пристигнувањето на првите авиони на охридскиот аеродром е планирано за 12:30 односно 17:15 часот. Полетувањето од охридскиот аеродром ќе биде во 13:20 за Цирих односно 17:45 часот за Милано.
Според информациите од ТАВ Македонија првиот пак чартер лет на аеродоромот во Охрид ќе слета на 5-ти јули од Варшава на компанијата LOT Polish Airlines, додека пак првите холанѓани ќе пристигнат од Амстердам на 25-ти јули.
Согласно протоколите патниците ќе треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет, да стават заштитна маска пред да влезат во терминалната зграда на аеродромот, да ги дезинфицираат обувките и рацете на самиот влез во зградата и постојано да одржуваат физичко растојание.
ТАВ Македонија ги упатува сите патници да ги следат веб-страниците на двата аеродроми, каде што ќе бидат објавени најновите распореди на летање.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град