Четврто место за УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид на „Шангајската листа“

УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид е на четвртото место според рангирањето на Центарот за светска класа на универзитети, при Универзитетот „Џиао Тонг“ во Шангај.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид е на четвртото место според рангирањето на Центарот за светска класа на универзитети, при Универзитетот „Џиао Тонг“ во Шангај.

УИНТПрворангирана високо образовна институција на листата и оваа година е универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, второто место за академските достигнувања во 2011/2012 година го доби Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, а трет е „Универзитетот на Југоисточна Европа“ од Тетово. На петтото место се најде битолскиот „Св. Климент Охридски“.

Од Министерството за образование информираа дека листата е направена според методологија со 21 индикатор за квалитет, што е за два повеќе од првото рангирање. Новите индикатори се однесуваат на бројот на наставници или соработници кои најмалку една година работно престојувале во странство и бројот на студенти кои биле најмалку три месеци на студентска размена во странство.

Некои високообразовни установи и овој пат дале неточни податоци, но за разлика од претходното рангирање биле многу помалку.Недоследностите се однесувале на бројот на пријавени студенти, инвестиции во опрема, истражувачки активности и број на научни трудови во меѓународни списанија, погрешно пресметани резултати од државната матура на запишаните студенти- податоци кои се лесно проверливи.

Македонија е единствена земја во регионот што спроведува национално рангирање на нејзините универзитети.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top