Четврта меѓународна конференција за иновации и регионален развој

„Од претприемачко учење до иновации и регионален развој“, тема на 4 тата меѓународна конференција за претприемништво, иновации и регионален развој која од денеска до 7 мај се одржува во Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
konferencija
конференција

konferencija„Од претприемачко учење до иновации и регионален развој“, тема на 4 тата меѓународна конференција за претприемништво, иновации и регионален развој која од денеска до 7 мај се одржува во Охрид. Конференцијата се одржува под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, Европската академија на науки и уметности, Македонската академија на науки и уметности и Европскиот совет за мал бизнис и претприемништво, а во организација на Националниот центар за иновации и претриемачко учење, учествуваат над 300 експерти од Европска комисија, Светска банка, академици, регионални агенции, бизнисмени, како и педесетина универзитети меѓу кои Кембриџ, Оксфорд, Рим, Берлин, Виена, Вашингтон, Катар, Белград, Загреб, Љубљана, Грац, Солун, Софија и други.
„Вистинската движечка сила, локомотивата на една земја и на економскиот развој сте токму вие, претприемачите  и иноваторите. Тука се наметнува прашањето кој е патот до инвациите: одговорот е јасен: да се размискува поинаку од другите, бидејќи како што примети Липман Кога сите размислуваме на ист начин, тогаш никој не размислува“ и тогаш нема напредок во општеството“, истакна претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов.

Џон Клакстон, генералниот директор на Одделот за истражување и иновации при Европската комисија посочи на стратешките одределби на Агендата „Европа 2020“ насочени кон обезбедување одржлив економски развој, базиран врз знаење, а истовремено ќе биде инклузувен односно ќе биде во полза на сите, а не само на бизнис-елитата.

Како еден од начините за поттикнување на иновативноста во Европската унија, Клакстон ги посочи финансиските програми за развој, односно предвидените 53 милијарди евра интервентни финансиски средства за периодот до 2014 година, од кои четири милијади се насочени директно за развој и поддршка на малите и средните претпријатија.

konferencija-nagradiНа денешната конференција беа доделени и парични награди за најиновативните идеи во бизнисот. Од фонд од 1 230 000 денари, првата награда отиде во рацете на студентите од трета година на економскиот факултет за интернет порталот преку кој заинтересираните ќе можат да ги следат збиднувањата во кафичите и рестораните во живо. За оваа иновација тројцата студенти беа наградени со 300 000 денари.

Македонија втор пат е домаќин на Меѓународната конференција за претприемништво, иновации и регионален развој. Првата конференција во државава се одржа во 2008 година. Следните конференции ќе се одржат во Бугарија во 2012 и БиХ во 2013 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top