Четири децении ликовно творештво

Академскиот сликар Славко Упевче одбележува 4 децении ликовно творештво.

 |  Валентина Нелоска  | 
слики

Животниот пат од Охрид го одвел на Педагошката школа во Битола, а потоа на факултетот за ликовни уметности во Скопје. Упевче твори во сите ликовни техники и неговите слики се наоѓаат на сите четири страни од светот.
Славко УпевчеТој е познат по техниката сув пастел ,една од потешките техники која се работи со прсти, но твори и во сите останати техники. Сите слики ми се подеднакво драги вели Упевче. Уметникот постојано се носи со мисла дека следната слика која ќе ја изработи ќе биде поубава и во секоја следна имегинација  на сликарот се вткајува целото негово ликовно искуство. Но , Упевче признава дека само од сликарството тешко се живее. Човек треба да има постојана работа, а олеснителна околност мие тоа што Галеријата е сместена во нашата семејна куќа,па со мојот син ,кој е исто така сликар не сме оптеретени со дополнителни проблеми истакнува Упевче.

Покрај сликите Упевче изработил и голем број ликовни решенија како што се логата за „Поетската ноќ во Велестово“, „Мацедониа прима“, „Охридските старогрдски средби“ , ресторанот „Охридска пастрмка“.
Изминатите 4 децении творештво за Славко Упевче  се мотив за творештв во следните 4, истакна Упевче.
Изложбата со која Упевче ќе одбележи своето творешетво ќе биде во центарот за култура на Петровден, на 12 јули во 19 часот. Организатор на излжбата е Дирекцијата на Охридско лето , а е подржана од Министерството за култура.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top