Македонија во чест на мисионерите на христијанство и творците на словенската азбука, браќата Кирил и Методиj. Во нивна чест пригодна свеченост организираше и локалната самоуправа. Градоначалникот на свеченоста на градскито плоштад на 50-тина ученици од охридските основни и средни училишта кои освоиле мегународни и државни признанија и награди им враачи пригодни подароци.
Поклонение пред бистата на браќата Кирил и Методиj. Во чест на празникот Св.Кирил и Методиј, локалната самоуправа продолжувајќи ја традицијата и годинава организраше пригодна свеченост пред спомен одбележјето на Кирил и Методиј, но и на градскиот плоштад. Утрово покрај делегацијата на локалната самоуправа, предводена од градоначалникот Александар Петрески, букети цвеќе положија и советниците, претставници од ОО на СДСМ, ОК на ВМРО ДПМНЕ, делегации од основните и средните училишта, како и делегации од други институции. На свеченоста присуствуваше и бугарскиот конзул во Р Македонија, Наум Кајчев.
Свеченоста во организација на локалната самоуправа продолжи на градскиот плоштад каде градодачалникот на 50-тина ученици од охридските основни и средни училишта кои во текот на оваа учебна година освоиле меѓународни и државни признанија и награди им врачи пригодни подароци..
Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи и племиња сакате да бидат слепи и глуви? Дали Господ го сметате толку бессилен тоа да не може да го даде, или завидлив, па тоа да не го сака?
Со овие зборови Константин филозоф, подоцна прославен со калуѓерското име Кирил, во 9 век го бранел словенскиот јазик пред т.н. тријазичници кои тврделе дека само латинскиот, грчкиот и еврејскиот се свети јазици со кои може да се богослужи. Го обвинувале за ерес зашто го вовел словенскиот јазик меѓу привилегираните, кои тој статус го заслужиле зашто биле испишани на крстот на Исус.
Битката за писменоста на Словените не престанала. Неа уште 16 години ја водел братот Методиј, до својата смрт во 885 година. Моравската мисија завршила со прогонство на нивните ученици. Некои од нив исчезнале, некои биле продадени како робови, но тројца истакнати – Климент, Наум и Ангелариј, го продолжиле просветителското дело на југ.
Св. Кирил и Методиј се основачи на првата словенска азбука-глаголицата.Во 11 век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стариот календар) за ден на светите просветители Кирил и Методиј.Денот во Република Македонија прв пат бил обележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје.
Инаку Македонската делегацијата во рамките на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил” денеска учествува на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим. Традиционално, 24 Мај беше ден само на образовните институции и просветните работници, а од 2007 година тој е и државен празник на Република Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град