Голема чест, но и одговорност

Новата директорка на Хидробиолошкиот завод за ТВМ проговори за моменталната состојба во оваа научна институција, но и за идните планови и проекти

 |  Јаковлева Лионела  | 
suzana patceva
сузана патчева

Голема чест, но и одговорност е да се биде прв човек на една научна институција, вели Д-р Сузана Патчева, новиот директор на Хидробиолошки завод. Таа објаснува дека генерално е задоволна од состојбата во која го затекна заводот, но додава дека и понатаму треба да се унапредуваат можностите на институтот.

Финансиски може да бидеме и подобри, а исто така посакувам да биде примен и млад научен кадар, вели директорката.hidrobioloski

Во Хидробиолошкиот завод во моментов се вработени 16 доктори на науки и 4 магистри кои се насочени кон истражувачка дејност. Вклучени се во неколку билатерални и трилатерални проекти на кои  интензивно работат. Приоритет е секако Охридското езеро. Патчева вели дека секогаш се во тек со случувањата во Охридското езеро и постојано вршат истражувања, а се консултирани и од другите институции кои се грижат за неговата заштита

Директорката вели дека во иднина ќе работи на тоа што повеќе да се развива научно истражувачката дејност за науката да си го најде вистинското место во општеството. Таа додава дека Хидробиолошкиот завод е единствен институт во државава од ваков вид и треба сите заедно да работат на надминување на некои технички проблеми кои во изминатиот период ја пратеа неговата дејност. Патчева предвидува поубави денови во ова научна установа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top