Централниот објект на охридската детска градинка ќе стане енергетски ефикасен

За веме на летниот период ќе се реновира централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“. Интенцијата на менаџерскиот тим е да добијат енергетски ефикасен објект. Од установата сеуште со точност не можат да кажат каде во тој период ќе бидат сместени децата од овој објект, но имаат повеќе алтернативи.

 |  Николоска Биљана  | 

Централната градинка при ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе стане енергетски ефикасна. Во моментов тече тендерската постапка со која треба да се избере најповолен понудувач кој ќе го реконструира покривот, фасадата, дограмата, како и санитарните јазли од стариот дел на градинката, открива Розе Костеска, директорката на установата. Костеска сеуште не можеше со точност да прецизира, кој термин од летниот период ќе се изведуваат овие зафати, како и тоа во кој објект ќе бидат сместени дечињата за време на реновирањето, бидејќи тоа зависело од неколку аспекти.

„Заради безбедност на децата најверојатно ќе имаме иселување од овој објект во летниот период, со цел да бидат побезбедни и децата, а најверојатно во зависност во кој објект ќе имаме повеќе простор, значи зависи од моментот колку деца ќе се испишат од кој објект за да знаеме точно каде ќе се преселуваме. Со оглед на тоа дека во централната градинка е и централната кујна, значи ќе се потрудиме во објект каде што веќе имаме опремени кујни заради транспортот на храната да биде поедноставен“ – изjaви директорката.

Очекувањата на Костеска се дека во летниот период ќе бидат завршени реконструктивните зафати за обезбедување на енергетско ефикасен објект на централната градинка. Но сепак како што напомена Костеска тоа зависело од динамиката на изведба на градежните зафати од изведувачот кој ќе го добие тендерот, а имаат солуција и доколку се одолговлече целата постапка.

„Оној простор со кој што ќе располагаме во септември максимално ќе го искористиме во останатите објекти, доколку се пролонгира овој период, повторно ќе бидат известени родителите кои што се веќе на одмор со дечињата,за неколку дена на пример да го одложиме почнувањето со работа на централниот објект…затоа што не се однесува само на градежните работи, остануваат и други работи кои што треба потоа да се исчистат и внатре објектот и дворот за да се обезбедат услови за квалитетен престој на децата во градинката“.

Костеска рече дека од нивна страна се што треба ќе направат во делот на информирање, односно дека благовремено ќе ги известат сите родители како ќе течат сите работи околу реконструктивните зафати за добивање енергетски ефикасен објект. Реализацијата на овој проект е доказ дека менаџерскиот тим на детската установа, посветува големо внимание на енергетската ефикасност, на ефектите и потребата од заштеда на енергија, со цел подобрување на условите за претстој и учење на децата во градинката, вели Костеска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top