Општинската организација на Црвен крст и по седум години не најде слух и разбирање кај надлежните органи за да обезбедат локација за функционирање на Центарот за безбедност на вода. Огромната езерска површина на која во летниот период се разладуваат бројни капачи и пловат бродови, кајчина и глисери налага да постои еден ваков Центар кој би бил лоциран на самиот езерски брег. Во него би биле сместени спасители, чамци и опрема за брзо делување во ризични ситуации, истакнува Сашо Точков, претседател на Црвен крст-Охрид.
Црвен крст постојано добива опрема за опремување на центар, а ја донираат странските организации. Годинава добиле два гумени чамци за спасување на вода од англискиот центар Флоријан. Опремиле и брод амбуланта во соработка со Локалната самоуправа. Сега опремата стои во магацин и во каналот затоа што нема соодветна локација, укажува Точков. Тој апелира до надлежните институции сериозно да ја сфатат потребата од функционирање на овој центар. „Несовесност е кога луѓето кои го користат езерото се оставени на случајност сами да се грижат за безбедноста. Не е доволно само до постојат спасители на вода туку центар за координација и делување, а не да биде се импровизација“, вели Точков.
Црвен крст од Охрид за решавање на овој проблем се обрати и минатата година до Локалната самоуправа и Министерството за транспорт и врски, но без конкретен одговор. Оваа вообичаена безбедносна пракса на сите поголеми и помали водени површини во светот кај нас доцни. На запад, ваквите центри одамна функционираат и не може да се замисли капалиште, рекреација и спортување без негово постоење, појаснува Точков.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град