Во центарот на Охрид, но сеуште во кал и прашина

Жителите од улицата „Анастасија Узунова“, со апел до нашата телевизија, да се актуелизира состојбата во која се наоѓа улицата на која живеат.

 |  Крсте Голабовски  | 
ulica vo kal
улица во кал

Во 21-от век, а секојдневно кал или прашина пред нашите домови. Со овие зборови жителите кои живеат на улицата „Анастасија Узунова“ лоцирана во централното градско јадро, се обратија за помош до нашата телевизија. Тие велат дека веќе неколку пати се обратиле и до Локалната за помош, но оттаму само со ветувања за скоро решение на проблемот. Инаку, пред извесен период на оваа улица беа изврешени зафати на канализационата мрежа, па сега состојбата е во целост неподнослива, додаваат жителите. Се обративме до Одделението за комунален развој и сообраќај, од каде не информираа дека нерешените имотно-правни односи на дел од жителите од оваа улица, е причината за слабото темпо со кое се работи на санација на истата.

Shikaleski„Ние во минатиов месец извршивме пробивање на овој дел и сега ќе следува санација на ископаниот дел ради поставување на канализационата мрежа, додека останатиот дел од таа улица е врска помеѓу улиците „Абас Емин“ и „Дејан Војвода“ и ќе биде асфалтиран на почетокот од следната година, изјави Шикалески.

Шикалески потврди дека лошата инфраструктурна состојба на улицата е резултат на неодамнешните градежни работи, кои се изведуваа поради поставување на канализационата мрежа на истата.  Од одделението за комунален развој и сообраќај информираа и дека еднаш кога ќе биде санирана, оваа улица ќе претставува врска меѓу улиците Абас Емин и Дејан Војвода, со што ќе се реши и еден голем сообраќаен проблем во овој дел од градот.

 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top