Центарот за култура ќе се подновува

Охридскиот центар за култура „Григор Прличев“ го замени дотраеното филмско платно со ново. Се очекува негово монтирање пред почетокот на есенската филмската ревија.

 |  Валентина Неловска  | 
Grigor Prlicev
НУЦК Григор Прличев

Grigor PrlicevОхридскиот центар за култура „Григор Прличев“ го замени дотраеното филмско платно со ново. Се очекува негово монтирање пред почетокот на есенската филмската ревија. Центарот за култура последниве години иако со бавно темпо ги подобрува условите во кино салата. Модернизирањето  го прават дел со  сопствени средства, но и со помош на спонзори и ресорното министерство. Пред две години се санира кровната конструкција, а се среди и внатрешниот ентериер. За поправка на кровот ресорното министерство потроши 1 милион и четиристотини денари. Сега има нови најави за осовременување на техниката. Центарот ќе ја подновува застарената технологија во  кино салата.
Освен проекциите од седмата уметност, Центарот засега е единственото место каде што охриѓани во затворен простор може да ги следат сите големи културни случувања, почнувајќи од разни манифестации, ликовни изложби, концерти па се до театарски престави. Години наназад овој Центар во зимскиот период, но и во доцните есенски и пролеттни денови беше заобиколуван. Зјаеше празен и непосетен, но од центарот оваа сезона ветуваат топла сала.Велаат пари за греење  се обезбедени.
За љубителите на филмската уметност, Центарот  најавува богата есен, но и многу други содржини.
На 24 септември ќе се одржат Охридските строградски средби, и  изложбата на Интернационалниот ликовен караван. На малата сцена ќе се одржуваат и престави од Охридскиот театар. Вратите на Центарот се отворени и за сите заинтересирани кои сакаат своето време активно да го поминат во хорот, фолклорниот ансамбл и детското драмско студио.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top