Центарот за култура „Григор Прличев“ доби современа техника

Драмскиот театар, Битолскиот театар, Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип и Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се првите четири национални установи каде што е доставенa современа техника, дел од проектот на Министерството за култура за набавка на сценска, светлосна и тонска опрема наменета за театрите.

 |  Јаковлева Лионела  | 
центар за култура
centar za kultura

Во рамките на тригодишниот проект кој е во контекст на заложбите за унапредување на состојбите во областа на театарската дејност, предвидено е опремување на девет од постоечките 15 театри во Република Македонија. До крајот на 2015 ќе се осовремени и техниката во centar za kultura Театарот „Комедија“, Театарот за деца и младинци, Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово и Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Останатите театри во државата не беа опфатени со овој проект од причина што веќе добија нови современи објекти, како што се МНТ и Велешкиот театар или пак се во фаза на изградба, односно реконструкција на постоечките објекти, како што се случајот со Турскиот, Албанскиот и театарот во Струмица.
Дел од современата опрема се: разни видови рефлектори, ламби, пултови, филтри и соодветни кабли за напојување, звучници, засилувачи на звук, аудио-миксери, микрофони, реквизити, како и друга сценска, светлосна и тонска опрема.
Набавката на новата опрема ќе влијае на квалитетот на продукциите и ќе ги зголеми техничко-технолошките можности на нашите театарски институции. Со овој проект на Министерството за култура уште еднаш се потенцира континуираниот интерес за унапредување на театарската уметност во Република Македонија, создавањето на квалитетна понуда, но и услови за посетителите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top