Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се поднови

Доби средства за подобро функционирање. Со Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата, покрај финансиски средства за програмскиот дел, одобрени се пари и за техничко доопремување на центарот.

 |  Крсте Голабовски  | 
Centar za kultura
Центар за култура

Доби средства за подобро функционирање. Со Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата, покрај финансиски средства за програмскиот дел, одобрени се пари и за техничко доопремување на центарот.

Dragana BoceskaНационалната установа, Центарот за култура „Григор Прличев“  годинава ќе биде технички доопремен.

„Ако претходните години добивавме средства за санација на поголеми инфраструктурни зафати, како што беше целосната замена на покривот на центарот и одредени преправки во внатрешноста, оваа година одобрени се средства за негова техничка доопременост“, задоволна е директорката на центарот, Драгана Боцеска.

Таа се надева дека овој позитивен тренд и понатаму ќе продолжи, за центарот да го добие ликот кој го заслужува. Според Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за 2010 година, во ставката за реконструкција на објектот, покрај одобрените средства за набавка на лаптоп, видеобим, како и опрема за озвучување и оветлување, одовоени се средства и за набавка на проекционо платно.

Исто така одобрени се и средства за ликовна и галериска дејност, односно за организација на 20 самостојни и групни изложби, како и средства за Охридскиот хорски фестивал и за мешаниот градски хор, покриено ќе биде и гостување на ансамблот „Бисери“ во Чешка, Охридските староградски средби, манифестацијата за чествување на Александар Македонски, Прличевите беседи и Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top