Со примената на овој апарат се озвозможува охридската кардиолошка болница да изведува побезбедни процедури и за пациентите и за медицинскиот персонал нагласува првиот човек на оваа здравствена установа, д-р Бакрачески. Софистицираниот апарат има мала доза на зрачење, истовреме ќе се поедностават зафатите и ќе се изведуваат за пократок временски интревал, појаснува кардиологот Бакрачески.
„ Сето тоа води кон изведување на многу сложени и софистицирани процедури кои досега заради непостоење на ваков апарат не бевме во можност да ги изведуваме. Сега се озвозможува примена на нови постапки и методи кои се пракса во големите светски центри“.
Директорот на болницата д-р Бакрачески нагласува дека со оваа опрема и едуцираниот стручен медицински кадар се подготвени до крајот на оваа година да го реализираат отворањето на новиот оддел за електростимулации.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град