Како што се зголемија цените на комуналните услуги, губретарина, вода, канализација и гробарина, по истиот механизам да се намалат. Оваа иницијатива денес јавно беше покрената од Дејан Паноски, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.
Локалните ЈП да ги намалат комуналните услуги. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски денес јавно ја покрена оваа иницијатива, поради намалувањето на цената на нафтата и нафтенте деривати, чија висина првично беше причина за зголемување на цената на услугите. Паноски дури смета дека треба да се размислува да се воведе конкурентност на пазарот на услугите, во интерес на граѓаните.
„Комуналец да ги намали цените на комуналните услуги, нискоградба исто така и секако и Градски гробишта Јавното Претпријатие да ги намали цените, посебно услугата гробарина која што е прескапа, а граѓаните не добиваат никакви услуги. ЈП веќе подолго време се генератор на проблеми во Охрид и можеби во иднина ќе треба да размислиме давоведиме конкурентност на пазарот на услугите за да можат граѓаните да добиваат квалитетни услуги она што во моментов граѓаните го немаат“-изјави Паноски
Иницијативата за намалување на комуналните услуги Паноски ја изнесол најпрво пред неговата советничката група и не случајно го избрале механизмот на јавно објавување, поради досегашното лошо искуство што го имале во охридскиот Совет, вели Паноски.
„Овој предлог го разговаравме во рамките на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и го даваме прво јавно, затоа што се она што сме го давале на седница на Совет досега било одбивано како иницијатива, затоа мораме да го искористиме механизмот, јавноста да ја запознаеме на ваков начин зошто пред се и над се интересот е на граѓаните. Ако веќе со политички одлуки се зголемуваат цените на јавните услуги а не со регулаторни на ист начин со политичка одлука тие да се намалат дсогласно цените на пазарот“.
Паноски вели дека оваа иницијатива е во рацете на мнозинството на Советот и менаџментот на ЈП, кои според него треба позитивно да одговорат и одлучат, бидејќи сепак се работи за поширок интерес на граѓаните.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град