Цените на недвижностите во Охрид со благ пад

Заживува пазарот со недвижности во Охрид. Оптимизам годинава влева посебно интересот на странските инвеститори кои сакаат да вложуваат во изградба на дом за пензионери, приватни болници, но и хотели истакнува Никола Иванчиќ од Агенцијата за недвижности Наш – Ваш дом.

 |  Валентина Неловска  | 
zgradi
zgradi

zgradiЗаживува пазарот со недвижности во Охрид. Оптимизам годинава влева посебно интересот на странските инвеститори кои сакаат да вложуваат во изградба на дом за пензионери, приватни болници, но и хотели истакнува Никола Иванчиќ од Агенцијата за недвижности Наш – Ваш дом. На почетокот од годинава има зголемена побарувачка за купување станови, куќи и градежно земјиште недвижности за разлика од лани која глобално беше многу тешка година нагласува Иванчиќ. Цените на становите просечно се движат на периферните делови од градот по 600 евра за метар квадрат, во центарот до 1200 евра, па се до 2700 евра во хотел Парк. „Сега цените на недвижностите се со тенденција на благ пад предизвикани од преголемата експанзија на градба на станови. Побарувачката треба да ја диктира понудата,  а не обратно како што е случај сега“, нагласува агентот на недвижности Иванчиќ.  
Купувачите се заинтересирани и за купување градежно земјиште. Привлечни локации се од Хидробиолошки па се до Градиште. И цените се различни во зависност од местоположбата и  инфраструктурата  и се движат од 50 до 120 евра за метар квадратен. Интересот меѓу купувачите за станови и куќи е дијаметрално спротивен. Продажбата на куќи во споредба  со становите е многу  послаба вели Иванчиќ. Побрзо се продаваат становите  и тоа се движи дури 1 наспрема 20. Ако се продадат 20 станови се продава една куќа. Професионалните агенти предупредуваат на интензивната градба на станови во градот.

„Инвеститорите треба да размислат со кој интензитет ќе градат затоа што има доволна понуда на станови “ сметаат агентите на недвижности.
Тие истакнуваат дека купувачите најчесто реагираат на архитектурата на градбите, некомплетната инфраструктрура, недостатокот на паркинг просторот. Агенциите пак бараат поголема соработка со службите на локалната самоуправа, а од  централнат власт бараат да го реши проблемот со нелегалните агенции за недвижности.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top