Нов ренген апарат вреден 300.000 евра за општа болница Охрид.
Нов ренген апарат вреден 300 000 евра за општа болница Охрид. Предности на новиот апарат се скратено време на изготвување снимка, како и подобрување на квалитетот на истата.
Општа болница Охрид доби нов софистициран ренген апарат. Модерниот апарат е повеќе од потреба во општина Охрид. Обострано е задоволството на менаџерите и медицинскиот персонал. Со овој потег се намалува обемот на работа, се добива на квалитет и проблемите на пациентите кои се шетаа од болница на болница завршуваат. Денес направени се и првите пробни снимки, од кои медицинскиот персонал посебно е задоволен, вели портпаролот на општа болница Охрид Сашо Василески. Тој додава дека ќе завршат и бројните шпекулации на пациентите кои секојдневно коментираат, дека меѓу приватните и јавните здравствени установи постои некаков нелегален договор.
Нашата екипа ги затекна и луѓето одговорни околу обуката и инструкциите за функционирање на рендген апаратот. Претставникот на Европа за „Шимацу“ од Хрватска Александар Милиќ, посебно е задоволен од соработката со медицинскиот кадар на оделението за радиологија при општа болница Охрид. Тој истакна дека искуството е најважно при работата со вакви апарати и што повеќе се посветува човек со работа, повеќе знае.
Маријан Маријановски од „Доп електроник“ задолжен за сервисирање на овие апарати вели дека деновиве многу се ангажирани низ цела држава.
Годинава направени се многу нови работи кои беа неопходни во центарот вели Василевски. Тоа е новиот аудиолошки кабинет, до крај на месецот одделот за дијабет ќе профункционира како оддел за метаболни нарушувања каде пациентите ќе можат да лечат и остеопороза и тироидна жлезда, вели Василески. Од општа болница Охрид најавуваат и набавка на скенер, кој е проблем на Охридските болници години наназад.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град